Арнаудова: Знам дека Герасимовски ќе спроведе зелени политики во Општина Центар

од Vladimir Zorba

Кристина Арнаудова со поддршка на Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Општина Центар од СДСМ и Коалицијата. Арнаудова вели дека во Центар живее 17 години и доволно долго го познава Герасимовски за да биде сигурна дека тој ќе спроведе зелени политики.

„Горан го знам како дечкото со точакот, знам дека тој ќе спроведе зелени политики и сакам да му порачам да ги продолжи добрите социјални политики на општина Центар бидејќи тоа ни е навистина многу важно за да имаме што повеќе среќни деца во Општина Центар. За Центар за мене изборот е Горан“, вели Арнаудова во краткото видео кое го сподели Герасимовски на својот фејсбук профил.

Арнаудова веќе неколку години раководи со здружението „Проект Среќа“ преку кое реконструира и гради домови на семејства со деца, кои живеат во тешки и нехумани услови.

Слични содржини