Арсенал без победа во четврти натпревар по ред

од Aleksandar Petrovski

Уште еднаш Арсенал настапи лошо и скоро доживеа пораз на гостувањето кај Виторија (Гимараеш) во натпревар од групата „Ф“ од Лигата на Европа.

Натпреварот заврши 1-1, а „топџиите“ веќе немаат победа во четврти последователен натпревар на сите турнири.

Вечерва избраниците на Унаи Емери имаа само еден удар во рамките на голот и го реализираа во 80-тата минута преку Шкодран Мустафи.

Сепак, Португалците заслужено израмнија на дополнителното време по феноменалните ножици на Бруно Дуарте.

Неколку секунди подоцна гредата го спаси Арсенал, а истото се случи и на почетокот на натпреварот.

На крајот на краиштата, Арсенал продолжува да ја предводи групата со 10 бода и е фаворит да помине во следната фаза. Виторија е последна со 1 поен.

Во вториот натпревар од групата утре Стандард (Лиеж) е домаќин на Ајнтрахт (Франкфурт)

Слични содржини