Арсенал на чекор да доведе поранешен играч на Тотенхем

од Nikola Popovski

Поранешниот дефанзивец на Тотенхем, Серж Орие е блиску до преселба во Арсенал по прекинот на соработката со Тотенхем.

Орие во средата го раскина договорот со „петлите“ и сега е слободен да избере нова средина.

Еден од најголемите ривали на Тотенхем, тимот на Арсенал веднаш покажа интерес за десниот бек.

По заминувањето на Хектор Белерин, но и лошите резултати на почетокот на сезоната, евидентно е дека промени се неопходни во Арсенал. Орие може да помогне и во одбраната и во нападот, бидејќи важи за дефанзивец кој често се приклучува на напаѓачките акции на неговиот тим.

Доколку тој одлучи наскоро да ги избере „топџиите“, ќе им се придружи на Вилијам Галас, Сол Кембел и Емануел Адебајор, кои ги носеа дресовите на двата клуба од Лондон и два големи ривали.

Покрај Арсенал, опциите за Орие вклучуваат враќање во Франција или трансфер во турската лига.

Слични содржини