Арсенал работи на уште еден трансфер од Сити

од Vladimir Zorba

Откако веќе потпишаа со напаѓачот Габриел Жесус, Арсенал работи и на втор трансфер од Манчестер Сити.

Според Дејвид Орнштајн од „Атлетик“, се работи за Олександр Зинченко. Двата клуба веќе се во контакт, а изворот вели дека „Граѓаните“ се подготвени да се разделат со Украинецот доколку добијат соодветна понуда.

Микел Артета добро го познава Зинченко од неговото време како помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.

„Граѓаните“ планираат да доведат нов лев бек – Марк Кукуреја од Брајтон, за да можат безбедно да се разделат со Зинченко, кој досега одигра 127 натпревари за „небесносините“.

Сити потпиша со Украинецот од Уфа во 2016 година. Неговиот актуелен договор со клубот истекува за две години.

Слични содржини