Арсовска: Бесплатен јавен превоз не се воведува за еден ден, некој манипулира

од Nikola Popovski

Не знам кој е оној кој што манипулирал дека бесплатен јавен превоз ќе има за еден ден. Треба на него да му се обратат граѓаните. Со лаги и манипулации, никој не би смеело да функционира во јавниот простор во Македонија. Во програмата за „Модерно Скопје“, тоа кажав дека ќе се воведе етапно во фази, со период на прилагодување, изјави вечерва градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Според неа, прво треба инфраструктурата да се прилагоди.

-ЈСП Скопје е оставено во милионски долгови, возниот парк е оставен во девастирана состојба, дури тие и поновите. Бесплатен јавен превоз без доволно автобуси по сите релации, да се набавава и еко-автобуси. Ќе се воведе бесплатниот јавен превоз како што било ветено, пред истекот на втората година на мандатот, повтори Арсовска во гостувањето на Инфомакс.

Таа уште еднаш праша „кој е тој што лаже дека може само за еден ден да се промени, треба да му служи на чест тоа пшто го промовира во јавноста“.

-Граѓаните знаат дека тоа што е ветено таму, ќе биде реализирано. Ниту еден порано, ниту ден подоцна, додаде градската мајка.

Слични содржини