Арсовска: Екипите на Противпожарната единица на градот Скопје веќе се на терен во Газиантеп заедно со останатите спасувачки тимови

од Radmila Tasevska

Денес на својот Фејсбук-профил градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска напиша, екипите на Противпожарната единица на градот Скопје се на терен во Газиантеп заедно со останатите спасувачки тимови.

– Екипите на Противпожарната единица на градот Скопје веќе се на терен во Газиантеп заедно со останатите спасувачки тимови. Градот Скопје испрати интервентна екипа за помош при спасувачката мисија во Турција, а од градскиот буџет издвоивме шест милиони денари кои ќе бидат испратени преку Црвениот Крст на Македонија во хуманитарни цели за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во Турција и во Сирија. Остануваме во комуникација со локалните власти од Турција, подготвени да помогнеме во секое време согласно нивните потреби. Скопје памети!“, напиша Арсовска.

Слични содржини