Арсовска ќе бара пари од Владата за плаќање на сметките за струја на општините

од Nikola Popovski

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска информира дека ќе побара од Владата им даде пари на општините низ земјава бидејќи поради енергетската криза им се зголемени сметките за струја.

-Фокусот на сите ни е ист, а тоа е да имаме интензивен процес на децентрализација. Во тој процес се надевам дека ќе успееме да постигнеме и што поскоро пренесување на надлежностите од централната на локалната власт и поголема фискална независност, за да можат општините да ги реализираат проектите кои ги ветија на граѓаните. Едно од барањата ќе биде Владата да помогне на општините во овој тежок период, односно да да даде помош за сметките за струја, со оглед на тоа дека на голем дел на Општините им се раскинатите договорите и сега се соочуваат со неизвесност дали ќе можат да ги плаќаат повисоките сметки, рече Арсовска на денешното Собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).

Арсовска е едногласно е избрана за нов претседател на ЗЕЛС, којашто ги обединува сите 81 општина во државата.

Градоначалничката потенцираше дека главна цел во нејзиниот четиригодишен мандат во ЗЕЛС ќе биде интензивирање на процесот на децентрализација и обезбедување зголемена финансиската стабилност и независност на сите општини.

Слични содржини