Арсовска молчи за Груевски, иста е како Мицкоски, велат од СДСМ

од Nikola Popovski

Од СДСМ обвинуваат дека градоначалничката Данела Арсовска цел ден не одговора дали таа е градоначалникот кој комуницирал со поранешниот премиер кој е во бегство, Никола Груевски.

Партијата потенцира дека „Данела е иста како Христијан Мицкоски, таа молчи за Груевски“.

-Осудениот криминалец во бегство Никола Груевски самиот објави дека е во редовна комуникација со градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека оваа партија и натаму е контролирана од Будимпешта, очигледно е дека дури и градоначалници му реферираат на Груевски, посочуваат од партијата и додаваат:

-ВМРО-ДПМНЕ е партија која не се менува, неработењето и трошењето пари на партиски вработувања од страна на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека оваа партија нема намера да се помести од режимската матрица.

Слични содржини