Арсовска најавува нов кружен тек и булеварско решение во Ѓорче Петров

од Nikola Popovski

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска информира дека Градот отпочнал со проектирање на два важни проекти ветени во програмата „За модерно Скопје“, како изградба на нов кружен тек и булеварско решение на „Македонска Војска“ во Ѓорче Петров.

-Нов кружен тек на важната крстосница под надлежност на Град Скопје меѓу булевар “Македонска војска“ и улица „Ѓорче Петров“ е исполнување на уште едно децениско барање на граѓаните кое досега не е ниту отпочнато со реализација. Со изградбата на овој кружен тек ќе се растерети сообраќајниот метеж на оваа раскрсница, а воедно ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот. Со проектот планирана е изградба на кружен тек и коловозна површина од 11.700 метри квадратни, изградба на нова велосипедска мрежа од 2.700 метри квадратни и пешачка патека од 4.100 метри квадратни, порачува Арсовска.

Додава дека важно континуирано да се подигнува и ново зеленило, садници и партерно уредување, па затоа предвидена е нова зелена површина на 2000 метри квадратни, со соодветно јавно осветлување и водоводна мрежа.

-Градот Скопје ги реализира проектите од програмата која содржи клучни барања за подобрување на градската инфраструктура, посочува градоначалничката.

Слични содржини