Арсовска: Не е коректно некој без работа да остане на 7.000 денари, а некој да зема повеќе од просечна или минимална плата во јавниот сектор

од Vladimir Zorba

Претседателката на Сојузот на Стопански комори, Данела Арсовска во „Топ Тема“ на „Телма ТВ“, изјави дека веднаш треба да им се помогне на компаниите, затоа што нема да останат компании кои ќе генерираат средства во буџетот.

-Доколку веднаш не им се помогне на компаниите, нема да останат компании коишто понатаму ќе генерираат средства во буџетот, па ќе нема ни кој да ги враќа тие средства. Треба да им се помогне на оние на кој што најмногу им е потребно, ова сега што е донесено како сет на мерки да се подобри во однос на пристапот до финсиските средства коишто треба да ги добијат компаниите, да се олесни пристапот за микро малите претпријатија. Веруваме дека големите компании ќе најдат, но микро малите компании, претприемачите, самовработените, односно сите оние коишто имаа проблеми да си обезбедат до сега егзистенција сега нивните работни места се доведени до прашање, вели Арсовска

Арсовска посочи дека во сетот мерки требаше да има потполна конкретна мерка што ќе се аплицира на сите, како што предложиле минималната плата, со вклучени придонеси за наредните два, три месеци, вели таа.

-Не е коректно некој којшто сега ќе остане без работа, да остане на 7.000 денари без здравствено, социјално, а да има лица коишто ќе земаат повеќе од просечна или минимална плата во јавниот сектор, посочи Арсовска.

Слични содржини