Арсовска не може принтер да обезбеди, а не па проекти, велат од СДСМ

од Nikola Popovski

Од владеачката партија СДСМ повторно обвинија дека Град Скопје и целата администрација без 31 принтер значи проблем во обезбедувањето на редовните услуги од кои штета имаат граѓаните.

-Толку е менаџерскиот капацитет на кадрите на Мицкоски. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не можат да обезбедат принтери во Град Скопје, а не пак да реализираат капитални проекти за градот и граѓаните. Освен што не реализира ниту еден свој проект, Арсовска прекина и веќе започнати проекти од претходниот градоначаник како што Бас рапид транзит, реконструкција на Универзална сала, реконстукцијата на улицата Есенинова…но затоа во време на криза троши 670.000 евра на вдомување на партиски кадри во Град Скопје, стои во партиското соопштение.

Ваквите реакции доаѓаат откако пред два дена Град Скопје остана без принтери затоа што средствата за изнајмување од договорот со компанијата завршил, а во меѓувреме не е потпишан нов.

 

Слични содржини