Арсовска: Не се обесхрабрив од тоа што цел куп мажи ме сменија од ЗЕЛС

од Nikola Popovski

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска вели дека само уште повеќе ја мотивираат нападите од политичките партии кон неа, како и нејзината смена од функцијата во ЗЕЛС.

-Самата смена укажува на политичката заднина на сите постапки. Мотивира кога знаете дека единствената замерка што можат да ви ја најдат дека не сте од нивниот политички табор. Многу добро функционираат политичките елити веќе 30 години кога имаат заеднички интерес или непријател. И ВМРО и СДСМ гласаа за моја смена затоа што не сум од онаа политичка опција која претендира да има свој претседател таму, рече Арсовска во гостувањето на емисијата „Студио 10“ и додаде дека институцијата ЗЕЛС нема посебни привилегии.

-Да си претседател на ЗЕЛС е пред се голема чест. Тоа што јас бев првата жена таму што беше поставена и тоа што се собраа цел куп мажи да ме сменат не ме обесхрабри. Тоа е добар показател за начинот на кој што се движат нештата. Штом си нашле заеднички противник, тоа за мене е само дополнителен мотив, посочи Арсовска.

Слични содржини