Арсовска не се согласува со критиките: Работиме на терен, граѓаните можат сами да видат

од Nikola Popovski

Јас колку што имам информација досега на секоја прес-конференција сите медиуми биле поканети и верувам ќе продолжи во иднина. Градот е транпарентен и повеќе од претходно. Се што било побарано и прашано за што сме требале да проследиме информација, за истото навремено сме ги информирале медиумите, рече градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска откако беше искритикувана дека Градот Скопје работи нетранспарентно и не ги кани медиумите на прес-конференција и настани.

Арсовска посочи дека службите на Градот испраќаат неселективно покани до сите медиуми за да можат присутни.

-Селективност немало и ќе нема. Сметам дека начинот на работа е да се биде доследен во тоа што се прави, додаде Арсовска.

Според неа, бројката на вработени во односи со јавност во Град Скопје сега е оптимизирана.

-Тимот го дава најдоброто од себе, по повеќе соопштенија имаме во денот. Ако граѓаните следат се она што го работиме на терен и објавуваме, можат сами да проценат дека сме доследни на тоа што го говориме. Транспарентни сме и сакаме да ги информираме граѓаните за работите што се важни за нив да ги слушнат. Работата да го покаже своето, а не колку време сме пред камери, вели Арсовска во интервју за ТВ 24.

Слични содржини