Арсовска: Немам комуникација со Мицкоски, не размислувам за остaвка

од Берта Китинска

Немам комуникација со Мицкоски повеќе месеци, со советниците соработуваме и очекувам дека ќе соработуваме во однос на интерес на програмите, кажа градоначалничката на Град Скопје, Арсовска во Студио 10.

-Не знам зошто јас би барала средба со партиски лидер работам институционално, јас во првиот момнет кога насетив дека нешто се случува реагирав, кажа Арсовска.

Таа напомена дека не размислува за остaвка.

-Јас ќе се борам уште три ипол години за доброт на скопјани, вели градоначалничката.

Јавниот судир и меѓусебните обвинувања меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ започнаа откако во понеделникот од кабинетот на градоначалничката соопштија дека генералниот секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски, и директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Златко Перински, двајцата кадри од ВМРО-ДПМНЕ, се разрешени поради самоволие и сомнежи за обиди за влијание во милионски тендер за пречистителна станица. Во исто време стигнаа и нивната партија дека тие сами си поднеле оставки.

Слични содржини