Арсовска: Приватните превозници не пријавиле ниту еден продаден билет во автобусите, парите најверојатно во нечиј џеб

од Nikola Popovski

Со она што е евидентно од аналитичките картички со кои што е евидентирано финансиското работење кое произлегува од договорот со приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, од крајот на 2017 до денес немаат пријавено во продажба ниту еден продаден билет во приватните автобуси. Иако пријавувале дека возеле околу 400 илјади километри на месец и за ова пресметувале по едно евро за извозен километар кој што го фактурирале до ЈСП, вака изјави денеска градоначалничката Данела Арсовска на прес-конференција.

Арсовска објасни дека „превозниците наплаќале билети, тие пари не ги пријавувале, односно „најверојатно се ставале во нечиј џеб и после фактурирале по 400 илјади евра од ЈСП секој месец и дека оваа шема трае пет години“.

Градоначалничката јавно праша каде се тие пари кои граѓаните ги даваат за да имаат квалитетна услуга.

-Ние излеговме со картички кои што ги докажуваат и покажуваат дека во изминатите месеци како редовно согласно утврдената динамика која што ја имаат со договорот кој го имаат склучено со ЈСП тие нивни фактури си биле исплаќани, понатаму од „Слобода превоз и од „Макекспрес“ на кој начин им ги распределувале средствата на приватните превозници и дали им се плаќале и во која мера ние увид немаме. Со тоа ќе треба да се бават надлежните институции, кажа Арсовска.

Слични содржини