Арсовска се закани: Доколку Владата не разговара, ЗЕЛС ќе ги врати ингеренциите

од Nikola Popovski

Во однос на проблемите на општините и ЗЕЛС, градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска вели дека мораат да седнат на маса со Владата.

-Се уште немаме одговор на пет точки прашања. Бараме состанок со целиот управен одбор на ЗЕЛС. Има членови на сите политички партии во локалната самоуправа. Сите имаат подеднакви проблеми. Потреба е да им се помогне на граѓаните. Овие услуги ние им ги испорачуваме на граѓаните, ова не е за нас. Владата има обврска, ние не бараме. ЗЕЛС одлучи доколку владата не сака да седне на маса, сите ингеренции кои ни се дадени, а владата не ги исполнува своите обврски, да се вратат назад. Одлучни чекори има и квалитетни предлози беа дадени, сите членови беа единствени. Враќањето на ингеренциите е исто како со електричната енергија, доколку не ја платите сметката, ќе ве исклучат. Доколку нема соодветни дотации, согласно со обврските во делот на образованието, што треба да прават единиците на локалната самоуправа, се закани Арсовска во гостувањето на емисијата „Вин-вин“.

Претходно на 5-та седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) се донесе заклучок да ѝ се даде на Владата рок од седум дена за одговор за состанок за изнаоѓање решенија на нивните барања врзани за горливите проблеми, а доколку нема одговор, оттаму најавија дека ќе следат сериозни чекори.

Слични содржини