Арсовска: Скопје нема да биде тажно за Нова година

од Берта Китинска

Градот нема да биде тажен за Нова година и ќе најдеме начин скромно да ги прославиме празниците, вели градоначалничката на Скопје Данела Арсовска изразувајќи надеж дека со  фирмата „Линк медиа плус“ спогодбено ќе се раскине договорот за новогодишно украсување на Градот Скопје.

-Реалноста е дека е прогласена енергетска криза, има најави дека ќе има рестрикции или барем намалување или исклучување на уличлното осветлување, некои од општествено одговорните компании веќе ги исклучија своите светлечки реклами. Новогодишните силјалички се приклучуваат на уличното осветлување и затоа не може Градот да плаќа за новогодишно осветлување кога можеби нема ни да има улично осветлување. И покрај тоа, градот нема да биде тажен за Нова година и ќе најдеме начин скромно да ги прославиме празниците, кажа Арсовска.

Договорот за новогодишно украсување беше склучен од претходниот градоначалник Петре Шилегов со фирмата „Линк медиа плус“ и чини 240.000 евра.

Слични содржини