Арсовска: Времето ќе покаже дали градот ќе трпи

од Берта Китинска

Градоначалничка Данела Арсовска која е во јавна расправија со партијата ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски кои јавно ја поддржаа за време на локалните избори на денешната прес-конференција денеска рече дека не ја интересирала политика и времето ќе покажа дали Градот Скопје ќе трпи заради караниците.

Дали ќе биде подобро, дали Градот ќе трпи или ќе биде полошо, тоа во секој случај времето пред нас ќе го покаже. Оваа е многу комплицирана ситуација и не би сакала да навлегувам во политички пресметки. Не ме интересира политика. За мене единствен интерес е интересот на граѓаните. Што се однесува до политичките чинители во државата и во која мера тие ќе се одлучат да ги поддржат овие проекти оставам на нивната совест“, рече Арсовска.

Слични содржини