Арсовски: Ако Мицкоски подржи уставни измени, добиваат и власта и опозицијата

од Destan Jonuzi

Мицкоски во моментов нема многу голем избор околу тоа, како ќе се постави по ЕУ патот, изјави за „Локално“, политичкиот аналитичар Петар Арсовски, коментирајќија улогата на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во процесот за уставни измени потребни за напредок на државата на патот кон ЕУ.

Петар Арсовски

Петар Арсовски

– Во основа меѓународната заедница многу јасно порача, па дури и комесарот Вархеји, дека очекуваат од сите партии во Северна Македонија да го подржат евроатланскиот пат на државата преку промена, односно гласање на неопходните уставни измени. Ако Мицкоски се задржи во предходната своја позиција дека не знаат како ќе гласаат, тогаш ќе стане неприфатлив за меѓународната заедница и за сите Албански партии, и така резултатите на изборите ќе станаат неважни и нема да има коалиционен партнер. Заради тоа Мицкоски го омекнува ставот и дека размислува за тоа кои се условите под кои би ги прифатил уставните измени. А мислам заради сопственото гласачко тело, па и заради партиите на Албанците го оменкнува, балансира ставот за прашањето оклоу 20 %, балансерот и сл. Мислам дека е тоа игра за сопствентите гласачи, изјави Арсовски за „Локално“.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ како што е поставена во моментов тешко може да преживе и Бугарите да се внесат во Уставот, и да се укине „20 %“ за Албанскиот јазик, ова за нив, како што нагласи, „е преколем политички залак“.

– Ако Мицкоски подржи уставни измени, привремено партиите на Власт ќе добијат некој ќар, бидејќи условно кажано го прекршиле Мицкоски, меѓутоа на долг рок Мицкоски ќе стане по прифатлив за меѓународната заедница и за Албанците, нагласи политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

Д.Ј.

Слични содржини