Арсовски: Ако ВМРО-ДПМНЕ ги доби локалните избори, не значи дека треба да ја добие и централната власт

од Nikola Popovski

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски смета дека нема потреба од избори барем до јули 2022 година.

-Поради можноста за решавање на спорот со Бугарија, не треба да има избори барем до следното лето, затоа што дотогаш ќе имаме две шанси за во ЕУ, вели Арсовски во емисијата „Само вистина“.

Според него, факт е дека ВМРО-ДПМНЕ ги доби локалните избори, но истовремено тоа не значи дека по дефиниција треба да ја добие централната власт.

-Затоа имаме одделни избори. Ако победникот на локалните избори по автоматизам би значело централна власт, тогаш да ги укинеме и претседателските избори. На победа на локални избори, ВМРО нека побара и претседател. Победата на опозицијата донесе дестабилизирана политичка ситуација во Собранието, додава Арсовски.

Слични содржини