Арсовски: Една изборна единица е идеална за Македонија

од Viktor Jovanov

Што се однесува до науката нема никаква дилема дека математички една изборна единица, со отворени листи и пропорционален дел е најдобриот изобрен модел и најточен за Македонија, вели политичкиот аналитичар Предраг Арсовски.

-Поентата на изборниот модел е да ја намали дисторзијата помеѓу бројот на гласови и бројот на пратеници односно ако сте освоиле 12 отсто гласови, да имате навистина 12 отсто пратеници, а не 9 со 15. Оние кои се бунат дека би добиле или изгубиле гласови, тоа нема врска со изборниот модел. Изборниот модел е математичка операција, а не политичка. Доколку некој со новиот модел изгуби пратеници, значи не треба да ги има, доколку некој добие, значи му биле закинати порано, вели Арсовски.

Сепак тој смета дека сега на 3 месеци пред изборите е доцна за промена на изборниот модел

-Не се менува моделот за избори во 5 до 12 и за тоа треба поширок консензус. Не е проблемот дали ќе имаме ваков или онаков модел, проблемот е дали го почитуваме и создаваме некаква демократска традиција. Колку и да е добар предлогот за една изборна единица, тоа што сега се покренува иницијативата, го прави невозможен. Можеби идејата е таа дебата да се отвори сега, во некаква надеж дека таа ќе се актуелизира после, но за овие избори тоа е мртов политички проект, вели Арсовски.

Слични содржини