Арсовски: Фондот не ги плаќа трошоците на приватните болници, пациентите мораат од свој џеб

од Nikola Popovski

„Како ги формирале цените, односно дали е тоа објективно со оглед дека ако вие го потрошите тоа што го правите за пациентот, тоа во вака поставеното приватно здравство, некој мора да го плати“, вели професорот и долгогодишен торакален хирург и менаџер на клиниката „Мајка Тереза“Андреа Арсовски, за емисијата „Трилинг“ на прашањето дали е неетички што приватните болници имаат 3-4 пати повисоки цени од понудените ценовници  во лекувањето на пациентите.

Според него, трошоците на приватните болници ниту делумно не ги плаќа Фондот, па тоа значи дека пациентот мора да ги плати тоа од свој џеб.

„Дали цените се надуени, тука не би знаел. Тоа е работа, на тие што ја формирале цената. Немаме ние некоја цена на пример 10.000 евра, која што објективно вреди 3, а поради монополска позиција сме ја зголемиле“, изјави Арсовски.

Слични содржини