Арсовски: Хонорарците немаат никаква заштита во С.Македонија

Законот за работни односи не ги штити воопшто хонорарците во С.Македонија, кои припаѓаат во ова политизирано општество и се потенцијална мета на линч од страна на разницте центри и ботови, истакна во рамки на синоќешното издание на 360 степени, портпаролот на Владата, Душко Арсовски.
Арсовски вели и дека не го заслужуваат тоа, затоа што како што рече, дадени им се професионални задачи кои ги извршиле во целост. И сега, со давањето на нивните лични податоци тие се изложуваат во јавноста. Тоа е повреда на приватноста. Мора и овој аспект да се има предвид кога разговараме за темата.
„Во решението на Комисијата се уште стои дека не треба да се објавуваат имињата на овие луѓе. И Владата, правејќи го тој ,,тест’’ на штетноста увиде дека има голем јавен интерес и штетата кон лицата е помала во однос на значењето на јавниот интерес, затоа што тоа се јавни пари. Инаку прашањата од новинарот во врска со хонорарците пристигнаа кон крајот на март и ова јавноста треба да го знае, така што релативно брзо се заврши целата постапка. Во моментот кога стручните служби првично дале одговор на новинарот, процениле дека и делата за кои се ангажирани не треба да се споделат со јавноста. Затоа и направивме консултации со двете надлежни институции“, истакна Арсовски.
Исто така, тој најави дека од понеделник, преку Законот за пристап до информации, сите новинари ќе имаат можност да ги добијат овие податоци.

Слични содржини