Арсовски: Макрон прави последен обид за нашата европерспектива

од Nikola Popovski

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски смета дека шансите за кревање на ветото се намалуваат.

-Точно е дека европерспективата на Македонија е загрозена. Прво од Грција, па од Франција, па сега од Бугарија и точно е дека како што одминува времето ќе има се помалку енергија во нашето општество за да продолжиме по тој пат. Тоа во Франција е последен обид на Макрон, првенствено поттикната од потребата на ЕУ да покаже некаков резултат. ЕУ во моментов самата не знае што со себе. Дури и кога би се откочил процесот, ние може да бидеме на трака која што нема дестинацијата, на која не знаеме што е на менито. Макрон делумно во излагање се залага на основачките договори на ЕУ, вели Арсовски во емисијата „Само вистина“.

Според него, ветото од Бугарија и нивната агресивна политика не блокира на извесно време.

-Не сум сигурен дека останатите земји членки на ЕУ се приклучуваат на тоа. Нема енергија за проширување. Радев најавува дека нема да присуствува кај Макрон и тука се истакнува друга димензија поврзана со геостратешките позиции на Македонија и Бугарија и поврзана со кризата во Украина, додаде Арсовски.

Слични содржини