Арсовски: Мицкоски се фокусира на банални проекти кои не се исполнуваат

од Viktor Jovanov

СДСМ не сака да се откаже од темата правда, додека Мицкоски се фокусира на конкретни проекти кои звучат банално и не се исполнуваат. Се уште е рано за конечен наратив во изборната кампања, се уште се немаат допрено клучните оски, односот со Албанците и Преспанскиот договор, изјави политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

Тешко партиите ќе се ослободат од багажот. Камњапата ќе биде долга. Ако го исклучиме јадрото, најголем проблем на ВМРО-ДПМНЕ е што има широк дијапазон на поддржувачи од ултра радикални ултра десно ориентирани кои сметаат дека воопшто не треба да се разговара за името до оние кои сакаат ЕУ и НАТО. Тоа прави тешко за партијата, тие имплицираат од евроинтеграции до укинување на Преспанскиот договор, вели Арсовски.

Слични содржини