Арсовски: Не се менуваат ниту бришат содржини од предметот историја

од Берта Китинска

Не се менуваат ниту бришат содржини од предметот историја тој останува како предмет интегриран во општествените науки ќе се изучува по теми, вели владиниот портпарол Душко Арсовски.

Тој напомена дека новиот концепт ја дава рамката според која се планира основното образование и документот не брише содржини од наставните предмети.

– Се предвидува интегрирање содржини од повеќе предмети. Со интегрирањето се овозможува изучување по теми. Концептот е само рамка којашто првично претставува како ќе изгледа реформата. Наставните програми ќе се прават откако ќе се донесе рамката. Ова е процес во кој се вклучуваат сите чинители, додаде портпаролот на Владата.

Слични содржини