Арсовски: Позицијата на Бугарија е шизофрена, Владата треба да реагира поостро

од Nikola Popovski

„Владата можеби треба да реагира поостро. Позицијата на Бугарија во однос на Македонија во овој период е се освен добронамерна. Нивните позиции се такви што во моментот, Македонија не може да ги прифати“, смета политичкиот аналитичар Петар Арсовски, во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Според него, тоа враќање на историските корени, јазикот кога постоел, дали некогаш сме биле дел од еден народ се апсурд.

„Тоа е наша историја и ние имаме право на наши национални митови, па нека се и грешни. Нивната позиција е шизофрена. Во Договорот за добрососедство, Бугарија има експлицитно нешто на кое е обврзана, а тоа е дека нема да го попречува евроатлантскиот пат на Македонија, а токму тоа го прави“, рече Арсовски.

Слични содржини