Арсовски: Се даваат 200.000 евра за јавни настани, а владата забранува нивно одржување во време на пандемија

од Nikola Popovski

„Во овие моменти, кога има корона-криза, каде самата влада забранува настани, сулудо е да се даваат 200.000 евра за организирање на јавни настани, каде што еден од сопствениците на фирмата е од редовите на СДСМ“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски за емисијата „24 анализа“, обраќајќи му се на Директорот на Фондот за иновации, Коста Петров.

Според него, ова го потсетува на оние „криминални иновации, грантови кои што беа делени на фирми на функционери на СДСМ, но подоцна беа прекинати, со образложение еве нема да ги делиме парите“.

„Прашањето ми е за која намена се потрошени овие над 1 милион денари во делот за комунациски услуги, зошто граѓаните наидуваат на нетранспарентност и не може да дзнаат за што се трошат парите“, прашува Арсовски.

 

Слични содржини