Арсовски: Сметките за струја во матичните ординации се покачени за 5-6 пати

од Nikola Popovski

Матичните лекари требаше да се сретнат со министерот Сали, а не со заменик-министерот Рендевски. Тоа е посериозен проблем и беше потценувачки гледањето со заменик-министер. Не може да се одлучите на таков чекор, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Според него, треба да им се исплати на лекарите во однос на капитацијата, бидејќи сметките за струја во матичните ординации се покачени за 5,6 пати од 5000 на речиси 25-30000 денари.

-И основните работи за функционирање во тие ординации се исто покачени. Пример цената на пар ракавици од 0,5 денари сега се може 6,7 денари. Очигледно тие луѓе живеат на рав на егзистенција. Има матични лекари во помалите места каде и да сакаат не можат да имаат повеќе пациенти за повеќе капитација од државата, информира Арсовски.

Слични содржини