Арсовски: Собранието е тоа што треба да ги донесе законските измени, за догодина да почнеме со производство на канабис

Една од заложбите на Владата е да бидат изгласани сите законски измени до крајот на оваа година, со цел следната да очекуваме 250 милиони евра приходи на име на производство на канабис за медицински цели, посочи денес портпаролот на Владата, Душко Арсовски, одговорајќи на новинарско прашање кога се очекува да бидат донесени измените на Законот за контрола на опојни дроги, а во врска со медицинска употреба на канабисот.

Арсовски посочи и дека оваа одлука треба да ја донесе Собранието, и потсети на блокадите што ги имаше во изминатиот период.

„Со законските измени ќе се стимулира отворање нови високо платени работни места. Владата ги следи светските и европските стандарди и се носат дома искуствата на држави како Канада, Холандија и Чешка кои годишно заработуваат околу 55 милијарди долари од оваа дејност. Канабисот е една од најдинамичните индустрии во светот и политиката на Владата е не само да ги препорачува овие искуства, туку и натаму да ги поддржува компаниите кои влегуваат во овој бизнис што во нашата земја веќе отвора илјадници добро платени работни места“, истакна Арсовски.

Слични содржини