Арсовски: Стејт Департментот нотира висока корупција во Владата, а Заев негира

од Nikola Popovski

„Стејт Департментот нотира висока корупција во Владата, а пак Зоран Заев негира. Отсуството на срам и на недоведноста кај премиерот е доволен показател дека имаат забегано како Влада и партија и се препуштени единствено на криминал и корупција. Очигледно за Заев не е прв ешалон Ден Дончев кој го видовме како зема неколку пачки со пари како транша за рекет и тоа на видело, јавно, целата јавност го виде“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на прес-конференција.

Според него, за Заев не е прв ешалон ниту криминалот на Боро Малборо, кој како градоначалник беше фатен како се пука со полицајци, и како шверца цигари.

„Одамна е јасно во Република Македонија дека корупцијата го зазема првото место за ширење во Владината програма. Одамна е јасно дека како таргет на власта се единствено луѓе кои се нивни критичари, а не оние кои навистина сториле криминал“, вели Арсовски.

Неговата оценка е дека државата е црна дупка во Европа, само затоа што, како што вели, оваа Влада е една од најкриминалните влади во светот.

Третиот ешалон е тој што ќе му пресуди на Зоран Заев, додава портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Слични содржини