Арсовски: Tајно зголемeна акцизата на дизелот за два денари по литар

од Vladimir Zorba

„Согласно последната одлука на Регулаторната комисија, акцизата за литар дизел е покачена од 15,50 денари по литар, на 17,50 денари по литар. Ова значи дека дизелот поскапува два денари само по основ на покачената акциза од страна на Владата. Од ова произлегува дека последното покачување на цената на дизел горивото во најголем дел се должи на оваа разлика, која треба да завршува директно во буџетот на државата и внимавајте да ги полни дупките на Владата која што ги направи во буџетот единствено со крадење на парите на граѓаните“, вели денеска на прес портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Слични содржини