Арсовски: Техничката спецификација за најавените возила, ќе биде одобрена од релевантна институција

од Andreja Salpe

На денешната прес-конференција, портпаролот на Владата Душко Арсовски истакна дека најавените 45 возила кои треба да ги набави Владата за нејзините потреби се наменети за министрите и другите владини функционери, како и за престој на странските делегации во земјава.

– Набавката за потребите на Владата се однесува за возила кои што ќе им користат на министрите и други владини функционер, како и возила за потребите на странските делегации за престој во Северна Македонија. Износот на набавката, техничката спецификација на возилата и другите критериуми ќе бидат прецизирани во јавната набавка која што ќе биде објавена во наредните денови. Овде укажуваме дека техничката спецификација претходно ќе биде одобрена од релевантна институција, истакна Арсовски.

Слични содржини