Арсовски: Во Скопје сум, сликата од Монте Карло е стара

од Vladimir Zorba

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на својот фејсбук профил сподели дека фотографијата која деновиве се споделува на социјалните мрежи, на која се гледа како со сопругата претстојуваат во Монте Карло, е стара и дека тој во моментов се наоѓа во Скопје.

„Бев на приватно патување со семејството на гости кај најблиски роднини од потесното семејство на мојата сопруга (нејзин дедо, татко на нејзин родител) кои живеат во Франција и сакаа да си го видат правнукот (син ми), бидејќи се повозрасни и со ковид кризата и нивната возраст не го имаа видено откако се роди.

Бидејќи живеат повеќе од 50 години во Франција и стекнале имот таму, летниот период си го поминуваат кај нив, секогаш изминативе 20 години, на местата кои ги споменуваат господава од власта дека сум ги посетил.

Ако толку ги интересира, бидејќи на таа локација бев неколку денови и тоа на гости кај дедо на сопругата, морам да им потенцирам дека не потрошив повеќе, отколку еден просечен одмор на било кој функционер на власта и СДСМ“, вели Арсовски.

Слични содржини