Арсовски: Зборовите “имам мнозинство” не се доволни за Влада

од Берта Китинска

Со своја реакција по објавата на СДСМ дека е обезбедено мнозинство за формирање нова влада излезе и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Гледам СДСМ и Заев викаат дека имале мнозинство, а пак од друга страна тоа не го потврдуваат другите политички партии. Еве јавно нека објават СДСМ со кого “се ќердосаа” и имаат парламентарно мнозинство, кои се коалиционите партнери на СДСМ и детали, бидејќи зборовите “имам мнозинство” не се доволни за Влада. Во спротивно СДСМ во овој момент освен што дрско краде, дрско и лаже Што сепак и не е нешто ново…“, напиша Арсовски, на својот Фејсбук профил.

Слични содржини