Арсовски: Зошто Мицкоски се извинува за блокадите ако е сигурен во тоа што го прави?

од Nikola Popovski

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски вели дека главните партии во земјава подолго време се гледаат низ оптина на „нишан“како политички непријатели.

-Едната партија кога ќе предложи нешто, другата партија веднаш го одбива затоа што го предложила другата. Тоа е суштински проблем на политичкиот дијалог. Македонија е во една повеќедимензионална криза, а ситуацијата во Собранието е поттикната поради тоа што се уште ги нема изборните реформи, смета Арсовски.

Во однос на најавата за блокада од ВМРО-ДПМНЕ, Арсовски смета дека е легитимна одлука, но таа носи ризик дали јавноста ќе ја поддржи или не.

-Јавноста во принцип против такви нарушувања. Зошто Мицкоски се извинува на граѓаните ако е сигурен дека тоа што го прави е во ред? Секогаш бил тоа ставот на секоја опозицијата. Бројките покажуваат дека две третини од граѓаните се против предвремени парламентарни избори. Предизвикот за опозицијата доколку се оди на тој чекор е што ќе се случи. Можеби тоа ќе биде граѓанска непослушност. Ниту една партија која досега го напуштила Собранието, потоа не била во ќар од таквиот потег, во политичка смисла, потенцира Арсовски во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини