Асенсио се сели на „Енфилд“ во јануари?

од Vladimir Zorba

Многу е пишувано за можноста Марко Асенсио да засили тим од Премиер лигата ова лето, најчесто се споменуваа Арсенал и Тотенхем, но сепак не беа направени конкретни потези.
Сега островските медиуми најавуваат дека ова ќе се промени во јануари.

Имено, Клоп веќе дал зелено светло да започне со реализација на овој трансфер, според тврдењата на тамошните портали.

Наводно, Реал го вреднува овој фудбалер на околу 35 милиони евра, што раководството на Ливерпул го смета за прифатливо, и не треба да изненадува што се е договорено пред зимскиот преоден рок, а тогаш ќе се чека само формализирање.

Слични содржини