АСМЛ: Доктор Денков е деветата жртва на ковид-19 од медицинската фела

од Берта Китинска

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ) се прости од својот колега доктор Ѓорѓи Денков кој почина од Ковид 19.

Ковид-19 зеде уште една жртва од медицинската фела во земјава, починал познатиот и почитуван хирург од Штип, Ѓорѓи Денков, објави (АСМЛ).

„Денеска во 67-та година од животот почина познатиот и почитуван хирург од Штип, д-р Ѓорѓи Денков. Сочувство до семејството, колегите и пријателите. Ова е 9. жртва од медицинската фела во ковид-19 пандемијата. Ве молиме почитувајте ги мерките за заштита и спречување на ширењето на SARS-CoV-2. Овие загубени животи не смеат да бидат залудни“,напишаа од АСМЛ.

IN MEMORIAMДенеска во 67-та година од животот почина познатиотиот и почитуван хирург од Штип, д-р Ѓорѓи…

Публикувахте от Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ в Петък, 23 октомври 2020 г.

Слични содржини