Астероид со димензии на фудбалски терен помина покрај Земјата

од desk2

Само еден ден откако е откриен, астероид со димензии на фудбалски терен, кој може да предизвика значителна штета, во неделата помина покрај Земјата, многу близу според астрономската скала.

Астероидите со овие димензии се многу ретки, но и способни да предизвикаат вистинска катастрофа.

Астрономите ширум светот вложуваат големи напори за да откријат вакви небесни тела.

Сепак, безбедноста на нашата планета беше загрозена, бидејќи научниците за малку немаше да го откријат овој огромен астероид, кој се движел кон Земјата.

Регистриран како G018 GE3, астероидот покрај Земјата помина во неделата и тоа на дистанца од само третина од оддалеченоста од Месечината, односно 192.317 километри.

Овој астероид со пречник меѓу 48 и 110 метри можеше да предизвика значајна штета.

Ако астероидот при својата брзина од 106.497 километри на час, во неделата ја погодеше Земјата, тешко е и да се замисли колку голема штета би предизвикал.

Астероидот на крај беше забележан од страна на Лунарна и планетарна лабораторија во универзитетот Аризона во Тусон, која е дел од проектот на NASA, „Catalina sky survey“.

Слични содржини