Астон Вила тргна и по Бентанкур

од Vladimir Zorba

Астон Вила е во преговори со Јувентус за трансфер на Родриго Бентанкур, тврди „Скај Спортс“. Бјанконерите бараат околу 16 милиони фунти за 24-годишниот дефанзивен играч за врска. Преговорите продолжуваат.

Бентанкур одигра 25 натпревари за Јуве во сите натпреварувања од почетокот на сезоната. Уругваецот почна како стартер на 12 од 22-та натпревари во Серија „А“ досега.

Според „Скај“, Џерард сака тој да ја зголеми конкуренцијата во средниот ред и пред се да има алтернатива за Даглас Луис.

Јуве го привлече Бентанкур од Бока Јуниорс за 8 милиони во летото 2017 година. Договорот на Уругваецот истекува во 2024 година.

Слични содржини