AstraZeneca ќе достави дополнителни 9 милиони дози во Европа

од Vladimir Zorba

Претседателката на Европската комисија Урсула Вон Дер Лејен денеска изјави дека до крајот на март, AstraZeneca ќе достави дополнителни 9 милиони дози од вакцината ковид-19, или вкупно 40 милиони дози во Европа.

„AstraZeneca ќе започне да ја доставува вакцината една недела порано од планираното“, напиша Фон Дер Лејен на Твитер.

„Компанијата исто така ќе ги прошири своите производни капацитети во Европа“, додаде таа.

Сепак, 40 милиони се само половина од очекуваните дози од британско-шведската компанија во истиот период пред да објави одложувања минатата недела, пренесува Хина.

„Чекор кон вакцина“, напиша фон дер Лејен на Твитер за олеснување на тензиите со компанијата по новата понуда.

Фон дер Лејен има стратешки разговори со седум извршни директори на фармацевтски компании со кои ЕУ има потпишано договори за вакцини Ковид-19, додека Унијата е под голем притисок за стратегијата за вакцинација.

„Пандемијата ги истакна ограничувањата на производствениот капацитет“, рече шефот на ЕУ во изјавата по видео-конференцијата.

Слични содржини