„AstraZeneca“ работи на вакцина за корона која ќе чини 2,5 евра

од Vladimir Zorba

Фармацевтскиот концерн „AstraZeneca“ планира до крајот на годинава да пушти на пазарот вакцина против коронавирусот, која, како што најави претседателот на компанијата Паскал Сориот, ќе чини 2,5 евра.

Сориот за француското радио „РТЛ“ изјави дека целта на компанијата е вакцината да биде достапна за сите луѓе.

Фармацевтската компанија се надева дека вакцината,на која работат научниците од универзитетот Оксфорд, ќе биде произведена до крајот на годината, а според Сориот, дури и малку порано, ако сè оди како што треба.

Претходно оваа недела беше објавено дека вакцината на „AstraZeneca“ одлично се претставилаво првите две фази на тестирање и придонесува за производство на антитела, како и имунизација против КОВИД-19.

Исходот од третата фаза од тестирањето се очекува во есен, а доколку е успешна, тогаш вакцината може да се произведува масовно и да се лансира на пазарот.

Студијата на 1.077 луѓе покажа дека по вакцинацијата, тие произвеле антитела и бели крвни клетки кои можат да се борат со коронавирусот.

Откритието е ветувачко, но рано е да се каже дали е доволно да се заштитиме од болеста, така што истражувањето на Оксфорд и „AstraZeneca“ продолжува.

Вакцината ChAdOx1 nCoV-19 беше развиена за невидено кратко време.

Се состои од генетски одгледуван вирус, што нормално предизвикува обична настинка кај шимпанзата.

Вирусот е сериозно променет, така што не може да предизвика инфекција кај луѓето и да личи на коронавирусот колку што е можно повеќе.

Ова значи дека вакцината го имитира и дека имунолошкиот систем може да „научи“ како да го нападне.

Британската влада веќе нарача повеќе од 100 милиони дози.

Слични содржини