„АстраЗенека“: Имавме многу успешен состанок со Комисијата

од Stefanija Kuzmanovska

„АстраЗенека“ минатата недела имаше многу успешен состанок со Европската комисија, соопшти компанијата.

Претходно, италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ објави дека компанијата не одговорила на писмото на ЕУ за жалбата поради вакцините против ковид-19 во рок од 20 дена.

„Можеме да потврдиме дека одговоривме на Комисијата во потребната временска рамка на механизмот за решавање на спорот и дека нашиот тим минатата недела имаше многу успешен состанок со Комисијата“, изјави за „Ројтерс“ директорот за врски со глобалните медиуми на „АстраЗенека“, Метју Кент.

Несогласувањата меѓу земјите-членки на ЕУ и фармацевтската компанија се случија откако „АстраЗенека“ достави помалку вакцини отколку што е наведено во првичниот договор со ЕУ.

Слични содржини