„АстраЗенека“ разви лек кој го отстранува вишокот бакар од телото

од Vladimir Zorba
667 прегледи

„АстраЗенека“ денеска објави дека последната фаза од клиничкото тестирање покажала дека нивниот лек за ретки болести, што предизвикува акумулација на бакар во телото, е три пати поуспешен во отстранувањето на наслаги на ткивата во споредба со стандардниот третман.

Лекот е развиен од фармацевтската компанија „Алексион“, која ја купи „АстраЗенека“, и беше тестирана за Вилсонова болест, односно генетски предизвикано пореметување на метаболизмот од бакарот, при што е загрозена способноста на телото да го отстрани вишокот бакар во телото, објави Ројтерс.

Експерименталниот лек се зема орално еднаш дневно и може да им помогне на пациентите кои се инјектираат со метал во крвта со класична терапија да го отстранат бакарот или се подложени на терапија со цинк.

„Како што напредуваме во лекувањето на Вилсоновата болест, за прв пат по 30 години, ќе продолжиме да ги следиме овие пациенти подолг временски период со цел да имаме подобра проценка на клиничкото влијание врз симптомите на болеста“, изјави извршниот директор на „Алексион“, Марк Дунојер.

Акумулацијата на бакар во телото може да предизвика заболување на црниот дроб, како и психијатриски и невролошки симптоми, како што се промена на личноста, тремор и тешкотии при одење, голтање или зборување.

Слични содржини