АстраЗенека сака да ја тужи БиХ поради контроверзна изјава на министерка

од Nikola Popovski

Производителот на вакцината „АстраЗенека“ размислува да ја тужи Босна и Херцеговина поради изјавата на министерката за надворешни работи во Советот на министри на БиХ, Бисера Турковиќ, дека вакцината е за сиромашните, дека е со послаб квалитет ,поевтина и достапна.

Алмир Бадњевиќ, директорот на „Верлаб“, изјави дека според неговите информации, раководството на „АстраЗенека“ разгледува тужба против БиХ поради изјавата на Турковиќ.

Вчера во Сараево, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, предаде донација од 5.000 вакцини од оваа компанија само за потребите на Федерацијата на БиХ.

По тој повод, министерката Турковиќ ги омаловажила донацијата и вакцините, тврдејќи дека тие не биле одобрени за земјите од ЕУ и дека биле наменети за сиромашните земји.

Таа изразила резервираност затоа што вакцината се произведува и во Индија, но и дека, како што рече, вакцината е лесно достапна на пазарот и дека БиХ исто така може да ја набави.

„Ќе биде добро ако избегнеме тужба против државата Босна и Херцеговина. Од управата на АстраЗенека добив информација дека поради изјавите на нашите официјални лица дека вакцината е наменета за сиромашните земји, тие можат да покренат и тужба против Босна и Херцеговина“, рече Бадњевиќ.

Бадњевиќ смета дека Европската агенција за лекови и медицински помагала моментално работи на одобрување на употребата на оваа вакцина во ЕУ.

„Таа вакцина е направена во Индија под лиценцата на АстраЗенека, затоа верувам дека многу бргу ќе биде одобрена во ЕУ, а во Велика Британија веќе е одобрена, како и во Канада“, рече Бадњевиќ, пренесе Танјуг.

Слични содржини