Астронаутот кој помина една година во вселената советува како да ја преживееме изолацијата: Една работа не пропуштал да прави

од Aleksandar Petrovski

Астронаутот на НАСА, Скот Кели, помина 340 дена на вселенското летало, каде беше изолиран од пријателите и семејството.

Со самото тоа, нема подобар човек од него да нè советува како да се справиме со изолацијата додека трае пандемијата на коронавирус.

Еве како Кели научи да се справи со проблемот на осаменост додека работеше и живееше во лабораторијата што кружи над Земјата.

Правилно распоредете го денот

Обидете се да одржите распоред за да можете да работите доволно напорно, да спиете и важно е да вежбате. Ако работите од дома, важно е да го почитувате работното време. Работа ќе ве чека и утре.

Пронајдете ново хоби или освежете го старото

Мора да го исполните време со некое ново хоби. Искористете ги онлајн курсевите за странски јазици, искористете го слободното време. Или научете да свирите музички инструмент. Ова е добро за развој на мозокот, здравјето, па дури и за продуктивноста.

Закажете видеосредби со пријателите и семејството

Исклучително е важно да бидете во контакт со вашите најблиски кога веќе не можеме да ги видиме физички. Бројни студии укажуваат дека ова е добро за менталното здравје и за одржување на силни социјални врски.

„Никогаш не пропуштив можност да остварам видео повик со семејството и пријателите. Го сакам тој дел од денот“, заклучува Кели.

Слични содржини