Астрономите предвидуваат: Апофис би можел да ја загрози Земјата

од desk2

Астрономи од Петербуршкиот државен Универзитет посочуваат дека, според пресметките, астероидот Апофис, наречен според египетскиот бог на злото, со пречник од 325 метри, би можел да се судри со Земјата во 2068 година.

Астероидот веќе 2029 година ќе мине крај нашата планета на оддалеченост од 38.000 километри – растојание десетпати помало од она меѓу Земјата и Месечината. Следниот пат тоа ќе биде во 2044. (на 16 милиони километри), 2051. (на 760.000 километри) и 2060 година (на пет милиони километри), наведуваат од Катедрата за небесна механика при санктпетербуршкиот Универзитет.

И американските научници укажуваат на можен судир со Апофис. Имено, стручни лица од Хавајскиот Универзитет сметаат дека веројатноста постои, но таа е исклучително мала.

Астероидт Апофис е откриен 2004 година, а научниците тогаш објавија дека веројатноста од судир со Земјата во 2029, е 2,7 отсто. Меѓутоа, тие проценки сега не важат.

Слични содржини