Астрономски цифри: 23 милиони евра ќе ги чини Британците обезбедувањето на Меган и Хари

Владата на Канада објави дека нема да ги обезбедува принцот Хари и Меган Маркл, кои неодамна се откажаа од кралските титули и должности.

Бидејќи и понатаму имаат статус на меѓународно заштитени лица, Канада има обврска да ги штити до 31 март, а според медиумите од островот тоа значи дека понатамошното обезбедување на парот, ќе ги чини даночниците на Велика Британија, преку 23 милиони евра, пишува Sun.

Како една од причините за заштита се наведува тоа дека „Хари е роден во кралско семејство и служел во британската војска“.

Тоа ги загрижи експерите кои сметаат дека плаќањето на војводата и војвотката од Сасекс, дополнително ќе ги истроши полициските ресурси и наведуваат дека постои веројатност, во иднина, тоа државата да ја чини повеќе од милијарда евра.

– Во овој момент, сите планови се невозможни. Ситуацијата со принцот и војвотката влијаеше на тоа да се отстранат протоколите за обезбедување на овој пар. Тие се однесуваат како ниту едно правило да не се однесува на нив – вели некогашниот телохранител Деј Дејвис/

Слични содржини