Атанасов: Учебници мора има, дигитализацијата да продолжи, а родителите да не се плашат

од Nikola Popovski

„Учебници мора да има, а дигитализацијата да продолжи, од нејзе бегање нема“, изјави поранешниот заменик-министер за образование, Петар Атанасов за емисијата „Клик плус“.

Според него, дигитализацијата на програмата полека ќе биде воведувана и таа ќе биде иднината.

„Мораме да им укажеме на родителите и да не ги плашиме. Секоја нова реформа носи страв и паника, затоа што луѓето не ја разбираат. Сепак, има многу прашања кои не се одговорени и затоа одредени се плашат, но мора да има дебата. Сметам дека ова во последните месеци е поларизација на јавноста, затоа што уште ништо не е јасно. За какви реформи се работи? Ако немате согласност од МАНУ и од јавноста, тогаш не треба да се брза. Ова е сложен сектор“, категоричен е Атанасов.

Слични содржини