Атанасов: Угостителите пред отворањето задолжително да направат дезинфекција на објектот

од Берта Китинска

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, на денешната прес-конференција побара од сопствениците на угостителските објекти пред отварањето на објектите да спроведат дезинфекција.

-Најавата дека е можно од следната недела дел од угостителските објекти да бидат отворени потребно е да се спроведе дезинфекција и чистење на опремата и на површините за обработка на храна и да го дезинфицираат целиот објект.И забелешките од досегашните надзори што се направени од почетокот на вонредната состојба се однесуваат токму на лошите хигиенски услови – за чување на храната и на површините каде што се обработува, или на немањето сертификати кај вработените за безбедност во ракување со храна, како и за неспроведени санитарни прегледи, изјави Атанасов.

Слични содржини